Навивачите на Реал Мадрид со транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“, го прославија водечкиот гол на Кристијано Роналдо, вечерва во финалето на шпанскиот куп, против градскиот ривал Атлетико Мадрид. Роналдо погоди за 1-0 во 14. минута, а веднаш симпатизерите на „кралскиот клуб“ го истакнаа транспарентот. Подоцна Атлетико израмни на 1-1, со голот на Диего Коста. Во самиот финиш резултатот се уште е 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.