| четврток, 6 декември 2018 |

По потврдата за разделба, Бекер истакна еден заеднички успех со Ноле

boris-i-novak

Новак Ѓоковиќ крајно џентлменски и со голема благодарност ја соопшти веста за прекин на соработката со поранешниот успешен тенисер Борис Бекер, но навистина не се чекаше воопшто долго за одговор од страна на искусниот Германец кој во голем стил возврати на пораката на Ноле.

Прославениот германски ас притоа индиректно откри на што се должи причината за раскинувањето, односно за деталите поврзани со играта, Ѓоковиќ и неговиот пад по Ролан Гарос и губењето на првата позиција на АТП листата.

– Последните шест месеци беа предизвикувачки на повеќе нивоа. Рацете ни беа врзани зошто не можевме да правиме што сакавме. Ѓоковиќ не помина доволно време на тренинзите во последните шест месеци и  тој го знае тоа. Ваков успех не се остварува со притискање копче, ваков успех не се остварува само со појавување на турнирите. Мораш да работиш напорно зашто тоа го прават противниците – рече Бекер објаснувајќи ја одлуката за разделбата со Новак.

– Вакви одлуки не се донесуваат преку ноќ, тоа е процес. Тоа беше неверојатно возење, имавме три успешни години. Секако имаше и некои порази кои би сакал да ги заборавам, ама некој пред три години да ни кажеше дека ова ќе го оствариме, веднаш ќе потпишав – посочи легендата.

boris-beker

Српскиот тенисер и Бекер минаа феноменални три години во кои доскорашниот светски рекет број еден успеа да ги освои сите четири гренслем турнири, но во својата последна порака која му ја испрати на Новак, Борис стави посебен акцент на највредната титула која ја освоија зедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top