| четврток, 6 декември 2018 |

Владата размислува да ги помести стрелките на часовникот

Ќе ја промени ли Македонија часовната зона? Владата размислува во иднина времето да се пресметува како во земјите од регионот. Како што објави Сител, работното време пресметано по примерот на Грција и Бугарија ќе направи заштеди во буџетот на компаниите и приватните домови. Академиците од МАНУ во првичната анализа за министерството за економија рекле дека со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред ќе се зголеми искористеност на енергетските ресурси и капацитети во индустријата и домаќинстава.

Од стопанската комора пак предупредиле на транспортниот сектор кој може да биде најпогоден. Со годишните договори, времето ги дефинира обврските за навремена испорака на стоката во европските земји кои сега во најголем број се во иста часовна зона со нас. Тоа би предизвикало менување на документацијата, добивање дозволи за транспорт, времето на чекање на граничните премини  и повлекување на финансиски последици.

Промената на времето според сојузот на стопански комори различно би влијаело кај  групациите и еснафите, особено во трговскиот сектор.

Нивното работење ќе треба да се прилагоди на променетото време кое ќе биде за 1 час различен со времето на бројни европски земји од каде што се нивните партнери.

Тоа значи дека вработените ќе треба да бидат платени за 1 час повеќе бидејќи работното време ќе заврши 1 час подоцна  од работното време кај нивните партнери.

До 15 јуни е рокот кога сите институции ќе треба да достават анализа за тоа како ќе влијае промената времето од средно европско во источно европско или од плус еден на плус два часа од Гринич.

Најголема полза за просечниот граѓанин од промената на времето ќе биде поефикасно искористување на дневната светлина за најразлични активности: спортување, пазарење и време за дружба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top