| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре во Битола ќе се одржува државниот шампионат во бокс

makedonski-boks

В петок и в сабота во спортската сала „Младост“ во Битола со почеток во 17.00 часот ќе се одржува Државното првенство во бокс за кадети, јуниори и сениори.

Пријавени се сите клубови од нашата земја и конкуренцијата оваа година ќе биде уште поголема. Покрај шампионатот ќе се одржи и семинар за тренери, нешто што не се случило десетина години.

Најавено е и вонредно собрание на Боксерската федерација на Македонија за да се променат члaнови на Управниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top