Прилеп доби нова фитнес зона која што е лоцирана веднаш достадионот со вештачка трева, кај старата зоолошка градина, во близина на населбата „Типски куќи“. Оваа зона сега ќе биде составен дел на спортскиот комплекс кој активно го користат голем број граѓани на Прилеп.
-Овој рекреативен простор, фитнес зоната, која што пред се е наменета за рекреација на младите, но и на сите граѓани на Прилеп, се простира на површина од 100 м2, и на ова место се поставени 8 фитнес справи.Зоната се наоѓа во состав на овој поголем компекс, а целта на нејзината изградба е на младите да им се овозможи практикување на поздрав начин на живот и да вложуваме во нивен правилен психо-физички развој – истакна Александар Јованоски, сектор за урбанизам во општина Прилеп.
Инаку ова е втора фитнес зона која што ја добива градот под Марковите кули, првата е лоцирана на Паркот на Револуцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.