| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Павел Шатев“: Груевски убедливо води над Заев во ИЕ 4

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во четвртата изборна единица, и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има убдлива предност во однос на противкандидатот од коалицијата предводена од СДСМ, лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, покажува вториот дел од анкетата на Институтот „Павел Шатев“. Само неколку дена пред изборите, недостижни 36,1 проценти од испитаниците му веруваат на Груевски, а само 22,3 проценти од изборната единица во која спаѓа и родната Струмица на Заев својот глас ќе го дадат за противкандидатот на Груевски.

pavel-satev-anketa-ie-4

Телефонската анкета беше спроведена во периодот од 30 ноември до 2 декември 2016 година на репрезентативен примерок од 1090 испитаници. Целта на анкетата е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани.

Во истражувањето што беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.

Анкетите на овој институт во минатото се покажаа како едни од најверодостојните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top