Македонија со пет пливачи ќе учествува на Светското првенство во 25-метарски базени кое од денеска до 11 декември ќе се одржува во Виндзор, Канада.
Во конкуренција на повеќе од 1.000 пливачи од 176 земји од светот, Македонија во Виндзо ќе ја претставуваат Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски, Дамјан Петровски, Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски, заедно со тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски.
Македонските репрезентативци пред синоќешното отворање на шампионатот беа пречекани и од членовите на македонската заедница од Виндзор организирана околу Македонската православна црква „Свети Никола“. Интересно, оваа заедница, со парични средства, го овозможи и престојот и настапот на македонската селекција на СП, која е најмногубројна во споредба со претходните наши учества на светските шампионати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.