| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е шведската диета по која полуде целиот свет: Проверете во што е тајната?

Oвој режим на исхрана подразбира намалено внесување на јаглехидрати, а акцентот е ставен на мастите и протеините.

Уште една поволност на оваа диета е што можете да заборавите на калориите и одредените часови во кои смеете да јадете, но затоа мора да се придржувате до правилата.

Шведската диета ги дели намирниците на 3 основни групи:

Дозволени намирници

– Сите видови месо

– Сите видови риби и ракови

– Јајца на сите начини

– Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)

– Млечни производи исклучиво со висок процент маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)

– Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)
Дозволени понекогаш

– Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер

– Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.

– Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)
Не е дозволено

– Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи

– Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)

– Маргарин и рафинирани масла

– Алкохол, посебно пиво

Исхраната е едноставна и не го оптеретува организмот, па посебно се препорачува во моментите кога сакате брзо да ослабете некој килограм без изгладнување или да ги исфрлите вишокот маснотии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top