-До сега имаме изградено околу 100 спортски сали, многу тениски игралишта, како и фудбалски игралишта, а во иднина ќе продолжиме со изградба на ифраструктура. Во Битола капитален објект ни е еден нов спортски комплекс кој што би бил од поголеми размери со ватерполо базен, спортска сала, гимнастичка сала, како и сала за боречки вештини, изјави Антонио Милошоски носител на листата за ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
-Но нема да застанеме тука и на спортските клубови и федерации ќе им овозможиме 3 проценти од приходите кои што ги имаат обложувалниците да се слеваат во спортските федерации и да бидат нивна поддршка за финасии, а второ според законски норми да овозможиме на стопанствениците кои што ќе сакаат да инвестираат во спортот да бидат ослободени од данок на добивка во висина од 50 проценти на донацијата со што сметаме дека ќе им ја овозможиме финансиската рамка за да можат посебно групните спортови да опстојуваат и да напредуваат, истакна Милошоски.
Тој потенцираше дека на тој начин смета дека Македонија ќе има една системска политика кон спортот и се разбира во неа да бидат вклучени спортисти и тренери како и спортски работници за да можеме со нивните искуства и совети да напредуваме како спортска нација, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)