| четврток, 6 декември 2018 |

„Заеф за цар“: Албанците го бодрат Заев на социјалните мрежи да истрае во спроведувањто на двојазичноста и федерализацијата

Како што наближува датумот на изборите, така расте албанската поддршка на Зоран Заев. Со нескриен ентузијазам Албанците му даваат несебична поддршка на лидерот на опозицијата да истрае во намерата да ја спроведе антимакеднската агенда.

„Заев за цар“, „Заев премиер“, „Да победиме Зоки заедно со Албанците“, се само дел од коментарите што му ги оставаат Албанците на Заев на социјалните мрежи.

 

На трибина на спорниот институт ИФИМЕС одржана пред неколку дена во Љубљана идеологот на федерализацијата што ја спроведува извршителот Зоран Заев, Љубомир Фрчкоски, рече дека нема ништо против албански јазик да се учи од прво одделение и да го учат факултативно и Македончињата, но многу било храбро тоа од Заев да се понуди во кампања.

Односот на опозицијата е неразбирливо позитивен кон Албанците, на штета можеби и на губење на некои македонски гласови. Тука Заев игра похрабро од тоа што јас очекував, јас можам тоа да го речам дека албанскиот јазик можеби може да се учи од прво одделение факултативно и Македонците можеби можат да го учат албанскиот јазик од прво одделение, тоа не е страшно, вели Фрчкоски и додава дека тоа за политички лидер директно да го понуди во кампањата е многу храбро.

Фрчкоски вели дека според анкетите, за прв пат во историјата 6 отсто од Албанците ќе гласале за СДСМ.

Прв пат во историјата, 6 отсто Албанци ќе гласаат за СДСМ. Тоа не се случило никогаш, во никоја поранешна југословенска република. Како тоа ќе се одрази, ќе видиме, вели Фрчкоски.

Митинг на СДСМ во Прилеп

Освен во Македонија, идејата за двојазичност Заев ја промовираше и во Швајцарија пред албанската дијаспора.

Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски – француски, албански – албански, македонски – македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Ова прашање е опфатено и со програмата на СДСМ во делот на образованието. На стр. 188 го промовираат тоа што Заев го кажуваше во врска со воведување на двојазичноста уште од детските градинки.

zazivot-str-188

„Ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот. Ќе бидат искористени практиките од успешните проекти за овој степен на образование. Ќе бидат стимулирани проекти за мултикултурно дружење и меѓујазична комуникација и во повисоките степени на образованието.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top