| четврток, 6 декември 2018 |

Бане Ивановиќ се сели во Истанбул, Бешикташ заинтересиран за неговите услуги

bane-ivanovic

Турскиот гигант Бешикташ ги договори услугите на дефанзивецот на Челси, Бранислав Ивановиќ, пренесуваат медиумите од Турција. Имено, челниците на Бешикташ и Ивановиќ постигнале договор за негов трансфер и тој ќе се пресели во овој клуб по завршувањето на сезоната, кога ќе биде слободен играч.

Постоеше можност за продолжување на неговиот договор со „сините“, меѓутоа раководството не му понуди добри услови, па Ивановиќ реши да си побара нова клупска средина.

Српскиот дефанзивец беше поврзуван со трансфер во неколку клуба, најчесто се споменуваше Јувентус, но очигледно е дека „старата дама“ ќе мора да се насочи кон други засилувања во одбраната. Иако влегува во својата четврта деценија, Ивановиќ се уште игра на високо ниво и сигурно ќе биде од голема полза за Бешикташ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top