Илија Несторовски одигра 90 минути, а неговиот Палермо несреќно загуби на гостувањето во Тоскана на „Артемио Франки“ против Фиорентина со 2-1 (1-0). Еугенио Корини дебитираше на клупата на Палермо, но не направи премногу промени од тимот на Де Зерби.
Бернардески реализираше пенал во 33. минута по играта со рака во шеснаесетникот на Палемо, а Јајало од слободен удар во 53. минута ја погоди мрежата на Татарусану и израмни на 1-1. Во последните моменти од мечот, по корнерот во судиското надополнување, Сенегалецот Бабакар со глава беше најснаодлив и ја турна топката во мрежата на гостите за 2-1 и голема победа на Фиорентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б