| четврток, 6 декември 2018 |

Општа тепачка на ракометното дерби во Црна Гора (видео)

tepacka

Голема тепачка се случи во вчерашниот натпревар од црногорското ракометно првенство помеѓу Никшиќ и Морача. Имено на влезот во последната минута, откако гостите направија резултатски пресврт, судијата покажа две исклучувања кои ги зовреа страстите, па започна општа тепачка скоро на сите ракометари од двете екипи, а летаа и столчиња од трибините.

Мечот е прекинат при резултат 21-23, па непоразениот Никшкиќ се наоѓаше пред првиот пораз. Дисциплинската комисија сега ќе стапи на сцена и ќе донесе одлуки за актерите во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top