| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишни трикови во продавниците кои ве тераат на трошење

Декември е. Време за празници, шопинг, подароци. Но, и за повеќето е критичен месец за семејниот буџет. Психологот Николај Димитров ги открива триковите со кои божиќната индустрија ни зема пари.

Божиќната индустрија измислила десетици трикови за да нè натера да трошиме уште и уште независно од финансиските нможности, категоричен е психологот Димитров.

-Утврдено е дека црвената бројка со која е напишана цената на производот, ги тера мажите да мислат дека тоа е промоција -раскажа Димитров.

За мажот тоа би било јасен сигнал дека има сериозно намалување, додека жените не се лажат толку лесно, вели психологот.

Трговците многу одамна работат со психолози, кои им помагаат да ги изработат своите божиќни „стапици“.

-Утврдено е дека во големите хипермаркети подовите се навалени и таму се скапите цени. Без да чувствуваш, тие те водат кон скапи нешта – раскажа психологот.

Другиот често користен трик бил на касите да се стават најмалите, но со најголема цена производи. Такви се гумите за џвакање, светилки, паста за заби и други.

Музиката во продавниците исто така е меѓу замките.

-Таа секогаш е весела, создава добро расположение и човек си вели: Па, ајде да си зема уште едно- додава психологот.

Димитров е категоричен дека „стапиците“ на божиќната индустрија може да се избегнат со повеќе водење на сметки. Тој препорачува неколку трикови.

Еден од нив е човек да ги купува прво најевтините работи, затоа што ако почне од најскапите, секое следно ќе му се гледа поевтино и ќе купува повеќе.

Друг трик е да се направи едноставна сметка пред да се заминеме на пазар , колку пари имаме и колку подароци треба да купиме. Тогаш лесно ќе можеме да ги процениме правилно финансиските можности.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top