| четврток, 6 декември 2018 |

Странски гости го преплавија Охрид за Новата 2018 година

Во весела атмосфера на плоштадот на македонскиот Ерусалим, Охрид, со гости од балканските држави и од Македонија, беше дочекана Новата 2018 година.

И покрај ниските температури, забавата почна вчера напладне кога за најмладите имаше посебна програма во куќичката на плоштадот.

Вечерта продолжи со богатата музичка понуда. Гостите на плоштадот ги забавуваа Даниел Кајмаковски, Анита Мицова, ансамблот Билјана, Ирма Гогова и Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR и диџеј Реџи Рулс. Со свои перформанси се претставија и баскер уметници, а пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.

За посетителите на градот кои пристигнаа со автомобили, охридската полиција вчера подели новогодишни лампиони со превентивна порака да возат внимателно и да не конзумираат алкохол за време на празниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top