| четврток, 6 декември 2018 |

Кој да му укаже на Алексов: „Мост“ им испраќа предупредувачки писма на административците, ДИК молчи

Уште едно предупредувачко писмо од невладината организација „Мост“ испратено лично до вработен во администрацијата. Во писмото потпишано од Дарко Алексов, „Мост“ ја предупредува вработената во администрацијата дека „како вработена во јавниот сектор треба да бидете во служба на сите граѓани и со вашите активности треба да овозможите остварување на нивните права и интереси, со истовремена грижа за јавниот интерес (член 8 од Законот за вработените во јавниот сектор)“.

Не е изненадување „Мост“ да се вклучи во предизборна кампања иако како невладина организација има надлежност само да ги набљудува изборите. „Мост“ и досега одработувал за СДСМ и се мешал во изборите или не предупредувал за изборни пречекорувања, но зачудува молкот на ДИК, која не смее да дозволи невладина организација да учестввуа во предизборната кампања.

„Во пресрет на предвремените парламентарни избори би сакале исто така да ви укажеме дека вашите политички уверувања, евентуалното ваше членување во политичка партија и учество во партиски активности во никој случај не смеат да влијаат врз или да го доведат во прашање вршењето на вашите работни задачи (член 9 и член 38 од ЗВЈС)“. 

predupreduvacko-pismo-most

Истото писмо вчера му беше испратено и на Сашо Здравески, вработен во државна администрација. Тој е вознемирен и се запрашува од каде неговите лични информации ги има една невладина организација.

Вознемирен сум и револтиран. Јас не сум член на ниту една асоцијација, добив писмо од некоја граѓанска асоцијација Мост на мое лично име и презиме во канцеларијата во организацијата каде што сум вработен. Во писмото ми се обраќаат лично, ме потсетуваат дека Македонија е демократска држава и понатаму пишува што е она што јас како државен службеник смеам да го правам на своето работно место. Јас сум професионалец, а 95 посто од активностите што ги имаме во мојата канцеларија се запишување на новороденчиња, останатите проценти се склучување на бракови и запишување на починати лица во нашите книги. Податоците со кои работиме се заштитени од Агенција за заштита на податоци. Ме вознемири писмото зашто не знам кој се ги има моите податоци и која е целта на писмото и не знам како ќе ми се обратат следниот пат, сега со писмо можеби некој ќе ми дојде на врата – изјави Здравевски за ТВ Нова.

most-darko

Тој додаде дека во изминативе години има запишано во регистерот повеќе од 20.000 бебиња и согласно неговите работни обврски нема каде да врши политички влијанија.

Од една страна ме предупредуваат, од друга страна ме насочуваат што би смеел, а што не би смеел да направам, меѓутоа јас сум професионалец во својата работа и јасно е што работиме. Со самото тоа што кажав дека 95 постоод мојата работа е запишување на бебиња, останува јас на бебињата да агитирам да им кажувам за кого да гласаат. Во изминативе 10 години имам запишано повеќе од 20.000 бебиња. Прво се обратив кај вас зашто се уште размислувам кој е надлежен во врска со овој случај, мислам народниот правобранител би требало да регира – истакна Здравевски.

Ќе им укаже ли Алексов на Заев и на Спасовски?

Невладината организација „Мост“ се вклучи во предизборната кампања на СДСМ. Медиумите многупати пишуваа за сомнежите за неутралноста на невладината организација и наклонетоста кон СДСМ, а истото се потврдува и во предизборниот период.
Дека „Мост“ е продолжена рака на СДСМ потврди и Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии..

Ние имавме пример со „Мост“, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Сѐ што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој и призна дека во тоа време се вршеле притисоци и се фалсификувале избори.

Знаеме како се гласало. Знаеме како се вршеле притисоци. Знаеме како се фалсификувало. Се сеќаваме и на Магнус, на тепањата, на кршењата кутии, рече Чингоски.

Од „Мост“ остануваат глуви и слепи и на заклучокот на Антикорупциската комисија дека министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски извршил повреда на одредбата од членот 8а од Изборниот законик со злоупотреба на својата службена положба и овластување.

Спасовски и неговиот тим го посетија Стајковци, но не со партиски возила, туку со службени возила на Министерството. Човек кој зборува за департизација ги злоупотребува возилата на институцијата со која раководи за партиски цели.

stajkovci-1-640x360

Невладината молчеше и пред злоупотребата на администрацијата во Струмица. Вработените во Општина Струмица добиле наредба да се појават во Градскиот парк во Струмица за потребите на кампањата на СДСМ, односно за снимање на промотивен спот на Зоран Заев.

strumica

Се злоупотребуваа и вработените во ПОЦ. Во службена униформа среде работно време, вработените делеа пропаганден материјал на СДСМ.

poc-top

poc

Злоупотребата е регистрирана и во Куманово, а слепилото во „Мост“ продолжува. Вработени во ЈП „Чистота и зеленило“ во униформи на ова претпријатие во работно време со службени превозни средства разнесуваат партиски материјали на СДСМ.

Државната изборна комисија (ДИК) има обврска да преземе мерки кон „Мост“ и кон кој било друг субјект кој учестввуа на изборите на каков било начин, а притоа ги прекшува законите, но засега ДИК молчи. Административците кои ги добиваат овие предупредувачки писма се револтирани, зашто како професионалци многу добро знаат како треба да ја вршат својата работа и не чувствуваат потреба „Мост“ да им „укажува“ што треба, а што не треба да прават. Според нив ова претставува вршење директен предизборен притисок. Административците се револтирани бидејќи се злоупотребуваат нивните лични податоци, невладината „Мост“ нема право да ги поседува, а уште помалку да им испраќа заканувачки и предупредувачки писма на работа.

Кој е Дарко Алексов?

Дарко Алексов, првиот човек на организацијата МОСТ, за кого и членови на СДСМ признаваат дека е нивна продолжена рака, очигледно одлично му оди во невладиниот сектор, па милионите кои се вртат на сметката на МОСТ, ги пресликува и во приватниот живот и станува инвеститор и подоцна сопственик на дел од двете згради во скопско Бардовци, кои можат да се видат на фотографиите. После сето ова станува јасно дека зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари, или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС.

darko-aleksov-most-sdsm-640x341Одговорот за ова го кријат двете луксузни згради со сопствено дворно место, меѓу народот познати како зградите на МОСТ, лоцирани на улица 4 сместени во скопско Бардовци.

cetiriАлексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет. Институциите на државата треба детално да ги прочешлаат милионите кои ги врти оваа организација како и личниот имот на Алексов.

tri1Она што има да се види во деловодните книги на МОСТ се 4 милиони евра свртени за неколку години, но и имот својствен за некој блискоисточен олигарх во подем, две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов. За потсетување Дарко Алексов, заедно со уште тројца други  се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од  1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари.

petНевладината МОСТ чиј што прв човек е Алексов, влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество на Владе Милчин, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ.

sestТоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против Корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владе Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов. Така да на оваа квази платформа се приклучиле освен МОСТ, и Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија, Транспарентност Македонија чиј долгогодишен прв човек е Сашо Ордановски, кој е отворен косовски лобист, Транспаренси Интернешнл на Слаѓана Тасева и останати организации.

sedumОва е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат, и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор.  Машата МОСТ во рацете на СДСМ е само една од алатките на опозицијата за претстојните избори. Сосема невoбичаено е една просечна невладина да врти милиони на својата сметки, особено ако се знае дека тие се најчесто активни само пред избори.

dva1Изборите се време кога тој треба да ја покаже својата лојалност и да одработи за СДСМ. Тоа не го криеа ниту членовите на СДСМ кој јавно кажуваат дека сите набљудувачи на МОСТ се и членови на СДСМ. После сето ова станува јасно дека зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари, или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top