Официјалните фотографии од СДСМ од средбата на генералниот секретар Оливер Спасовски во населбата Карпош во неговиот роден град Куманово, покажуваат дека партиските политики и кампањата за двојазичност и федерализација на државата не наидуваат на прием кај граѓаните. Бидејќи Спасовски во моментот додека води кампања за СДСМ е и технички министер за внатрешни работи, може да се земе предвид дека половина од присутните се полициски службеници од обезбедувањето, како и дел од организаторите на партиската активност.
Кумановци се сеќаваат на однесувањето на Спасовски и на СДСМ ден по полициската акција во Диво Насеље, каде што ден по згаснатите животи на македонските херои, Спасовски и неговиот лидер Зоран Заев кокетираа со албанското население. Спасовски пак потоа не ги удостои ниту повредените бранители, ниту семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, иако имаше, како и сега, функција на технички министер за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.