| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи им одржаа лекција за тимски дух на играчите на МЗТ Скопје

Симпатизерите забележуваат дека нема тимски дух, дека нема хемија и дека играчите не се борат за дресот на клубот кој оваа година прослави 50 години од постоењето

Навивачи на МЗТ Скопје денеска присуствуваа на тренингот во „Јане Сандански“ и незадоволни од прикажата игра на тимот од Аеродром во досегашниот дел од сезоната, им поделија совети на играчите, објави Спортмедија. По тренингот играчите и стручниот штаб добија „лекција“ за тоа кој клуб е МЗТ Скопје Аеродром и како треба да се бранат „сино-белите“ бои.

МЗТ сезонава игра многу слабо и во 17 натпревари во регионалната АБА лига и Еврокупот има само три победи и дури 14 порази.

„Од вас сакаме борба. Тоа сакаме од вас да го видиме. Не можеме да прифатиме тие пет играчи кои се на теренот да немаат никаква поддршка од останатите кои се на клупата за резерви. Не е проблем да се загуби некој меч, но проблем е тоа што нема тимски дух, нема хемија во клубот. Мора да се игра подобро и да се врати публиката на трибините“, рекле навивачите.

Целиот текст прочитајте го на ЛИНКОТ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top