Светските медиуми не престануваат да пишуваат за страшната несреќа во која загина речиси целиот тим на бразилскиот прволигаш Чапекоенсе, а сега на виделина излегоа и помалку морничави детали поврзани со сопругите на 13 од загинатите фудбалери. Тие само неколку дена пред несреќата на авионот направиле исти тетоважи со срце во кое има исцратно мал авион, кој, според зборовите на сопругата на капитенот на тимот, Клебер Сантана, требало да го симболизираат патот кон љубовта.
Тринаесетте сопруги задно со своите мажи требало на 9 декември заедно да патуваат на одмор во Доминиканска Република. Понежните половини на спортистите биле толку возбудени поради тоа, што се решиле да направат исти тетоважи. За жал, сега сите се вдовоци…
– Клебер ми се јави од аеродромот и ми рече дека му недостигам. Ми вети дека кога ќе стигне во Колумбија ќе ми се јави. На крајот ми се јави една од моите другарки да ми каже да несреќата, изјавила Марија Росанела, сопруга на капитенот на Чапекоенсе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.