| четврток, 6 декември 2018 |

(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија

Претставник на индонезиската Агенција за спасување Бамбанг  Сурјо денеска изјави дека нема да има преживеани лица откако авион на компанијата „Лајон ер“ утрово се урна во море набрзо по полетувањето од Џакарта.

Предвидувам дека нема да има преживеани, истакна Сурјо, додавајќи дека се уште не е пронајден трупот на авионот.

Авионот на „Лајон ер“ со 189 патници и членови на екипажот утрово се урна во море и потона во близина на островот Јава, само 13 минути по полетувањето од Џакарта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top