| четврток, 6 декември 2018 |

Имаме ли еким за Заев или да ја бараме баба Рада?

Неговите предизборни идиотштини за кантонизирање на Македонија, за двојазичност и федерализација, па за суверени села и независни градови – епархии во содејство со учката Али Ахмети кој менува внатрешни граници и поставува свои симболи, веќе стануваат „нон пејпр“ за нова пиздарија, а уште не сме ни одржале избори

Имам едно прашање до експертите по право, професорите од факултетот „Јустинијан Први“, уставните судии, законодавниот дом и разно-разни самотитулирани експерти, а пред сите нив, шефот на државата Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски: на кој начин ќе го тампонираат Зоран Заев по сеидбата на нов отровен политички хибрид? Има ли во Уставот или во законите на Македонија правен лек за овој сурат и неговите истакнати помагачи? Да бидам подиректна, може ли да му се суди за загрозување на државата, за подривање на поредокот, за безбедноста и територијалниот интегритет, за доведување во опасност на населението подгревајќи граѓанска војна и соседски НАТО-окупации? Може ли на ваква лејка да ѝ се одземе статусот државјанин на РМ и сите граѓански права? Или постизборно, пак, ќе си играме пржински стенд ап театар? Ги молам адресантите да не паламудат „политички коректно“ и неразбирливо стручњачки оти ова не е тема за салонска расправа со грицки и вино, туку е витална за целокупниот македонски народ кого веќе два и кусур векови секакви надворешни и домицилни битанги го сметаат за нивни коцкарски жетон. Значи сега, до 11 декември, сакаме да чуеме каква ефикасна терапија за оваа болест ќе примени победникот кој очекува 63 пратенички мандати? И уште повеќе кои гаранции ни ги дава дека овој пат нема да прави гнили компромиси под притисок од западното странство? Ни докурчи веќе од транзициски зајковци, дропји, тумруци, лејки, медиумски модри туфни и тути-фрути професионални револуционери. Ова е нашата ЦРВЕНА ЛИНИЈА. Па вие сега видете, пишува Мирка Велиновска во колумната „Имаме ли еким за Заев или да ја бараме баба Рада?

Зоран Заев почна со двојазичност и федерализација како сѐ уште нереализиран рамковен пакет. Досадно е да потсетувам, но интервенциите во Уставот (затоа се вика наметнат, односно октроиран устав) во 2001 година го отворија патот за реална територијална поделба по етнички линии, па донесоа неуставни и незаконски привилегии на албанското малцинство кои станаа дури сегрегациско–расистичка и супрематска пракса. Но, по ,Пржино и во нови светски околности, греблово пробува да ја постави на преговарачка маса кантонизацијата на Македонија по швајцарски модел. Што му текна? Па, ако почне да се реализира со подземен поттик на САД и ЕУ монструмите, кои за нашите политичари се пријатели и партнери добронамерници дури и во овие опасни игри, ете ја Македонија во друштвото на неодржливи држави. Kако во Африка. Најновата Шавајцарија на Балканот е БиХ. И како што се уверуваме секој ден, од Дејтон до денес, таа не успеа да застане на нозе самостојно. Чедово на Kлинтон и Блер го управуваат од надвор, иако од внатре е мртвороденче. Заев не знае, но нормалните луѓе добро знаат дека Швајцарија е успешен модел оти нејзиниот државен систем е дел на политички договор на населението што живее таму и кое сите три околни држави не го оспорувале идентитетно. Моделот е создаден дури по стогодишно меѓусебно војување, значи и граѓански конфликти и војни на матичните држави. Оваа Босна и Херцеговина е хибрид, а кантонизацијата е октроирана брљотина увезена од странство и тоа по испровоцирана граѓанска војна поттикнувана од евроатланската полит-милитаристичка мафија. Македонија би била уште поголема катастрофа. Патем, кантонизирање на Македонија по урнекот „Швајцарија на Балканите“ значи да се признае дека Македонија е географски простор на кој живеат делови од народи на околните држави, случајно оние што под водство на „големите европски сили“ беа и нивни миленичиња. Во такво уредување нема веќе Македонци. Е кога ги нема нив, нема никаква смисла да постои држава Македонија. Таа „Швајцарија“ ако стане провизорна банана држава, ќе си добие и нов нунко и ново име. Kантоните ќе си бидат најмалку три или четири. Што е поинаку од првиот Букурешт кога Албанците не беа играчи и ако во проектот се вклучи и Србија, оти за „нејзиното“ букурешко парче од Македонија е покеров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top