Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги очекува противниците на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Полска, а предупредувања за квалитетот на нашиот состав пристигнуваат од сите страни, па и од легендарниот португалски голгетер Паулета.
Славниот Паулета, поранешениот репрезентативец на Португалија и легендарен голгетер на француски ПСЖ во улога на спортски директор на репрезентацијата на Португалија со многу комлименти зборуваше за нашата млада селекција и можноста за меѓусебна пресметка на Европското првенство.
– Македонија направи голема работа со пласманот меѓу најдобрите 12 репрезентации. Вие ја елиминиравте Франција, а тоа беше шокантно за французите, па и за сите нас кои сме директно вклучени во циклусот. Можеби Македонија според рангот не е во групата на фаворити, но претставува опасна репрезентација, со многу енергија и неверојатен тимски дух. Знаете, овде се најдобрите 12 селекции во Европа и секој натпревар ќе биде тежок, можеби фаворити се Германија, Шпанија, целта на нашата репрезентација е исто така европската титула, но ќе биде неизвесно и многу квалитетно првенство – изјави Паулета.
Полска го организира ЕП во шест градови, а групите ќе бидат познати попладнево, поточно на ждрепката која е закажана од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.