| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за симпатизерите на Реал Мадрид, Бејл ќе мора да оди под нож

geret-bejl

Повредата на Герет Бејл беше голем хендикеп за „кралскиот клуб“ пред големото дерби против Барселона, а сега истата би можела да направи дополнителни проблеми за Зинедин Зидан.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Велшанецот ќе отсуствува од фудбалските терени до април, што е голем шок за екипата од Мадрид. Докторите ја известиле екипата за сериозноста на повредата, која Бејл ја заработи на натпреварот од ЛШ против Спортинг Лисабон.

geret-bejl

Доколку се остварат прогнозите, велшкиот фудбалер ќе пропушти околу 25 натпревари на „кралевите“, почнувајќи од „Ел Класико“ оваа сабота. Во ЛШ тој би можел да заигра само ако Реал стигне до четврт-финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top