| четврток, 6 декември 2018 |

Ариго Саки: Ако случајно Јувентус ја загуби титулата тоа ќе биде самоубиство

arigo-saki

Легендарниот италијански стратег, Ариго Саки, тврди дека моментално Јувентус нема ривали во Серија А и дека без некои поголеми проблеми ќе стигне до шестата титула во низа.

– Јуве претходните пет години беше шампион, индивидуално е најдобар, а одлична работа врши и тренерот Алегри. Иако потребни му се нови фудбалери, бидејќи полека мора да ја промени генерацијата, Јувентус е далеку поквалитетен од останатите. Не може да кажеме дека Милан или Интер се конкуренти на „старата дама“, а истото важи и за Рома и Наполи. Доколку Јувентус ја испушти титулата, тоа ќе биде самоубиство – изјави Саки за „Газета дело Спорт“.

Трофејниот италијански тренер во својата богата кариера беше предводник на фудбалската селекција на Италија, Атлетико Мадрид, двапати во Парма и Милан, а со тимот од „Сан Сиро“ двапати беше првак на Европа, како и еднаш шампион во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top