Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција „За подобра Македонија“, Никола Груевски, на вчерашниот митинг во Кочани обзнани дека последниве денови СДСМ здружувајќи се со некои подземни структури кај албанските радикали, договорале полнење на кутии на изборите на 11 декември.
–Исто така дознавам дека во последните денови размислувале и заговарале и други идеи. Здружувајќи се со некои подземни структури особено кај албанските радикали, кај порадикалните структури на Албанците во Македонија, разговарале за некакво полнење кутии, заедничко, договорено, не знам какво. Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што после ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати, рече Груевски.
Одговарајќи на прашањето дали параполициските структури на СДСМ можат да го нарушат кредибилитетот на изборниот процес, во истото интервју Јакимовски открива како СДСМ го освоила Карпош во 1996 година благодарение на извршен фалсификат на војничките гласови ноќта по изборите, но и во исто време изразува увереност дека овие структури доколку се обидат да направат такво нешто сега, ќе го извлечат подебелиот крај.
-Во Карпош во 1996 година Сашо Кузмановски ги загуби изборите и ноќта двајца членови на СДСМ влегоа во гласачкиот материјал и направија фалсификат со војничките гласови. Така Кузмановски победи со 74 гласа. Се сеќавате на „Хард рок“, јас во 1996 и во 1998 година сум бил нивни политички противник, прво како кандидат за градоначалник и после како кандидат за пратеник во изборната единица во Карпош, и знам какви битки водевме против Есад Рахиќ и неговата структура, односно неговите рекетари. Знае граѓанството што сѐ се случуваше на изборите, и 1998 година, и 1996, и 1994 година. И тие се обидуваат повторно да ги реафирмираат тие структури. Длабоко сум убеден дека не се доволно кадарни и немаат доволно сила и капацитет, дека си играат со оган, владејачката партија во тој дел, ако дојде до таква работа, е многу посилна и е многу поподготвена, и мислам дека само ќе го извлечат подебелиот крај, а ќе направат штета на државата. Интерес на секој граѓанин на РМ, интерес на сите нам што сме актери во политиката е Македонија да има достоинствени, мирни и кредибилни избори онака како што одговара на цивилизиран народ во 21 век. Ќе биде страшно ако во 2016 година имаме полоши избори од 2002 година кога Љубчо Ѓорѓиевски ја предаде власта или од 1998 година кога Бранко Црвенковски ја предаде власта на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека таква екскурзија никој не смее да си прави, а, од друга страна, одговорноста на СДСМ е многу поголема во овој дел затоа што сега министерот за внатрешни работи е нивни и ако сакаат да покажат дека се неспособни, тогаш треба да дозволат вакви работи да се случуваат на изборите.
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, исто така тврди дека Зоран Заев им работел зад грбот на своите сопартијци пред локалните избори во 2013 година. Јакимовски, кој повеќе од една година јавно побара од Заев да го објави нивниот разговор од 16 февруари 2013 година, веднаш по неговата кандидатура за градоначалник за Карпош, спротивно на одлуката на тогашното раководство на СДСМ, конечно откри за што зборувале овие тогашни сопартијци:
–Беше воодушевен од мојата постапка, дека се гордее со мене што сум негов партиски колега, се гордее на мојата храброст и дека не може да го разбере тоа лудило што постои во Социјалдемократскиот сојуз и нивните одлуки. Сега парафразирам, други детали нема да откријам, тоа е јасно. Инаку, мора да знае Социјалдемократскиот сојуз дека јас до 18:45 часот на 16 февруари 2013 година бев максимално лојален и Зоран Заев и Зоран Дамјановски веќе имаа подготвено алтернативни градоначалници, кандидати и алтернативни листи кои требаше да излезат на изборите зад кои, наводно, тајно или полутајно ќе застанат членовите на Социјалдемократскиот сојуз. Таков однос кај мене немаше тогаш кога одлучив да одам и одлучив да излезам да се кандидирам без претходно да ѝ работам зад грб на сопствената партија, тие ѝ работеа зад грб на сопствената партија и сите тие се согласуваа со мојот потег, но, очигледно, храброста што ја имав јас, тие ја немаат. Јас морам да кажам дека никогаш не сум бил дел од проблемите. Јас не сум ги создавал проблемите, туку, напротив, сум бил дел од решенијата, открива Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.