| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ и албански радикали договарале полнење кутии на 11 декември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката „Коалиција за подобра Македонија“, Никола Груевски, од вечерашниот митинг во Кочани обзнани дека последниве денови СДСМ, здружувајќи се со некои подземни структури кај албанските радикали, договорал полнење кутии на изборите на 11 декември.

-Исто така, дознавам дека во последните денови размислувале и заговарале и други идеи. Здружувајќи се со некои подземни структури особено кај албанските радикали, кај порадикалните структури на Албанците во Македонија, разговарале за некакво полнење кутии, заедничко, договорено, не знам какво. Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што после ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од Македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top