– Дојдов денеска од Германија за да ги поддржам моите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ како и водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој што сум сигурен дека ќе биде следниот претседател на новата Влада. Во последните неколку години на европско ниво работевме заедно многу добро и не само во европскиот совет, туку и успеавме да решиме многу политички проблеми, изјави Аксел Фишер, пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската народна партија во Советот на Европа.
– Заедно ни успеа да ги зачуваме христијанските и конзервативните значенија на народот во Европа и секако успеавме заедно да се заштитиме од фалшливиот идеолошки развој на левите и социјалистите. ВМРО-ДПМНЕ е цврст дел од христијанското демократската фамилија на Европа и затоа ви благодарам. Во време кога нашиот контитент се соочува со сериозни предизвици како што е миграцискиот бран, теротизмот и други безбедносни прашања, македонската Влада покажа особена посветеност и секако таа е посветен партнер кон прашањата кон безбедносните решенија и другите проблеми. Македонија е земја која што активно не поддржуваа кон решавање на проблемот со мигрантската криза, изјави Фишер.
Тој исто така додаде и дека ја поддржува Македонија кон вклучување на Македонија кон ЕУ и Нато и верува дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што може да ја води државата во тој правец.
– Во изминатите денови интензивно ја разгледав изборната програма на ВМРО и со тоа од една страна ја сфатив суштината и основата во која што вистински лежат пријателските работи и заедничкиот живот со Европа. Од друга страна во програмата се предвидува успешен развој на економијата и ќе пронајде добросостојба. За да се исполнат сите ветувања на партијата ВМРО-ДПМНЕ тие треба да имаат една стабилност во Владата и мнозинство во Парламентот, а тоа ќе се покаже на изборите на 11 декември, рече Фишер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.