| четврток, 6 декември 2018 |

Кузмановски сепак мора да замине на операција

kuzmanovski

Младиот ракометен македонски репрезентативец Филип Кузмановски, сепак, ќе мора да замине на операција.

Бекот на Металург кој ја повреди десната дланка на мечот со Татран Прешов ќе паузира околу два месеци и поради тоа најверојатно нема да биде дел од нашиот национален тим за претстојното Светско првенство во Франција.

Имено, постоеше варијанта тој да биде лекуван на традиционален начин и да биде делумно подготвен за СП, сепак, до такво нешто не дојде. Оперативниот зафат мора да биде направен за санирање на оваа незгодна победа, за да се елиминира ризикот дека истата ќе се повтори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top