Доколку им веруваме на Австралијанците кои во последните три турнири од Австралија Опен ги анализираа перформансите на тенисерите, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е најбрзиот тенисер на светот.
Според нивните податоци најголемата брзина која ја има достигнато Ноле е 36,02 километри на час. Што се однесува до просечната брзина на прво место е Енди Мареј со (15,89), додека во овој сегмент Ѓоковиќ е нешто послаб (14,89).
Исто така вреди да се напомене дека Рафаел Надал е на 12. позиција со (26,84 максимална и 15,38 просечна брзина), додека најуспешниот тенисер во историјата Роџер Федерер очекувано е на 17. место (26,03 – 15,55)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.