| четврток, 6 декември 2018 |

Удрил во седумгодишно дете, го однесол в болница и побегнал

Вчера во 12,30 часот пред Зелениот пазар на ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна незгода меѓу возило управувано од засега непознат возач и пешак – дете на возраст од сдедум години од Скопје.

По незгодата возачот со истото возило го пренел пешакот-дете до амбулантата во нас. Бутел, по што го напуштил местото.

Повреденото дете со возило на брза помош било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде што биле констатирани тешки телесни повреди, поточно скршена лева клучна коска на рамото и по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top