| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Светлините на Света Гора“ од Иван Џепароски во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија на 2 декември (петок) во 12 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Светлината на Света Гора“ од истакнатиот македонски поет Иван Џепароски. Поетското дело „Светлината на Света Гора“ се појави во издание на „Магор“ од Скопје, а на годинашните Струшки вечери на поезијата ја понесе наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка објавена во Македонија.

На промоцијата во ДПМ за „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски ќе зборуваат поетите Ристо Лазаров и Владимир Мартиновски. Стиховите ќе ги чита актерот Ѓорѓи Јолевски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

Иван Џепароски (1958, Скопје) е филозоф, поет и преведувач. Автор е на дваесет и пет книги од областа на поезијата, на естетиката и културната теорија, критиката и есеистиката. Дел од неговото творештво е преведено на повеќе јазици. Избори од поезијата на Џепароски во посебни книги се објавени во Бугарија и Романија.

За своето творештво Иван Џепароски ги добил наградите „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Парадигма“ и „Браќа Миладиновци“. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ за поетски превод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top