| четврток, 6 декември 2018 |

Програмата „Реално“ предвидува изградба на нови и реконструкција на многу автопатишта

Никола Тодоров, носителот на листата од Изборната единица 2, на „Коалицијата за подобра Македонија“, презентираше и дел од проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на изградба и обнова на автопатиштата во Македонија.

Реконструкцијата на автопатската делница Куманово-Миладиновци ќе заврши до 2017 година. На овој потег се обновуваат двете коловозни ленти во должина од 22,5 и 22,3 километри, најави Тодоров кој заедно со кандидатите за пратеници беше на автопатската делница Куманово – Миладиновци.

– Покрај комплетната изградба на нови автопатишта од Скопје до Блаце, од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар, ќе извршиме комплетна обнова на автопатот од Куманово – Миладиновце и Миладиновце – Куманово и левата и десната коловозна лента 22,5 и 22,3 километри во вредност од 10,6 милиони евра – рече Тодоров.

Најави дека ќе биде извршена и рехабилитација на патот од Неготино до Демир Капија, двете коловозни ленти и левата и десната, во вредност од околу пет милиони евра.

– И Куманово-Миладиновце и Неготино-Демир Капија ќе бидат готови  до крајот на 2017 година. Исто така, се планира и рехабилитација на дел од автопатот од Велес до Градско, само средната коловозна лента – потенцира Тодоров.

Додаде дека со тоа ќе се изградат нови и комплетно ќе се обноват многу фреквентни автопатишта, со кои, нагласи, сериозно ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top