Младиот член на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски нема да биде дел од националниот тим на Светското првенство во Франција.
Левиот бек на Металург сениорската репрезентација ќе го пропушти ракометниот Мунидијал во Франција што ќе се игра во јануари следната година.
Кузмановски, кој вчера се здоби со повредата на десната дланка на уште на самиот почеток од натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Металург и Татран Прешов, ќе мора да паузира во наредните два месеци.
Тоа практично ќе значи дека селекторот Лино Червар не само што не ќе може да смета на Кузмановски за настап во црвено-жолтиот дрес на Македонија, туку ќе го нема на располагање и еден од клучните играчи на Металург во последните два меча од групната фаза во елитното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Проблем за Металург: Филип Кузмановски побарал раскин на договорот заради неисплатени плати
-
Паника кај „огнените“: Пет првотимци прескокнале тренинг пред финалето на Мундијалот!
-
Мексиканскиот селектор му одговори на Нејмар: Фудбалот е за мажи, а не за кловнови