| четврток, 6 декември 2018 |

Мексиканскиот селектор му одговори на Нејмар: Фудбалот е за мажи, а не за кловнови

Мексико го заврши настапот на Светското првенство во Русија, откако денеска загуби од Бразил. Во натпреварот Нејмар повторно беше критикуван за неговото однесување на теренот. По натпреварот, мексиканскиот селектор Хуан Карлос Осорио го обвини италијанскиот судија Џанлука Роки дека го протежирал Бразил, а истовремено испрати поздрав и до Нејмар.

– Срам за фудбалот е фактот што толку време се троши на само еден фудбалер. Судењето беше очајно, судијата ја прекинуваше играта на секој контакт.

– Ова не е добар пример за сите оние деца кои ги гледаат натпреварите, фудбалот треба да биде спорт на посветеност, борбеност и машка игра, а не игра на кловнови, – истакнал Осорио кој секако на овој начин директно ги критикуваше Роки и Нејмар.

 

извор: derbi.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top