| четврток, 6 декември 2018 |

Зимските гуми се од особена важност за безбедно возење

tire in snow

Зимските гуми се неопходни за безбедно и стабилно движење на возилата и една од најчестите заблуди е дека тие се употребуваат само во услови кога има снег, истакнуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

– Карактеристично за зимските гуми е тоа што длабочината на шарата им е четири милиметри и се специјално дизајнирани со силикон и со поголем процент природна гума и затоа се помеки во ладните зимски денови. Според едно тестирање направено на автомобил во движење со летни и зимски гуми и прагот на сопирање со нив, резултатите кои се добиени покажуваат дека со забрзување од само 16 километри на час, зимските гуми запреле на 6,4 метри, додека на истото  возило со  летни гуми му било потребно два пати поголем сопирачки пат да застане при истата брзина. Доколку возилото се движи со поголема брзина, овој праг на запирање би бил многу поголем, појаснуваат од РСБСП.

Укажуваат дека освен зимски гуми, во зима (и покрај тоа што тоа не е законска обврска кога имате зимски гуми) препорачливо е во багажникот од возилото да има една кутија ланци.

– Ланците за снег не се замена за зимски гуми, но за максимална безбедност на возилото, кога патиштата се покриени со дебел слој снег, покрај зимски гуми, пожелни  се и ланци за снег. Можеби нема да ви затребаат во секоја ситуација, но во тешки зимски услови ќе ве заштитат од лизгање и од „шлајфување“, наведуваат од РСБСП.

Како што укажуваат оттаму, постојат неколку видови ланци за снег, но најмногу се користат ланците од челични алки. Замена за нив се таканаречените ланци од јажиња, но нивната монтажа е комплицирана. Идеално решение, како што се наведува, се ланците со систем за брзо монтирање за кои се потребни одредени подготовки. Матицата (основата) се закачува на погонските тркала, должината на ланците се прилагодува на димензиите на гумите, а кога ќе затреба ланецот се закачува на матицата.

– При купувањето ланци за снег, треба да се одберат димензии кои одговараат гумите бидејќи несоодветна должина на ланците може да ја оштетат гумата. Последниве години постојат и „чорапи“ за гумите во замена за ланците направени од платно кое го обезбедува возилото да не  се излизга или да заглави во снег и олеснителна околност за сите возачи е што за разлика од ланците „чорапата“ се мести многу полесно, наведува  РСБСП.

Републичкиот совет за безбедност на сообр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top