| четврток, 6 декември 2018 |

Петар (23) и Кристина (18) на пат кон Кавадарци загинаа во ова возило

Под мотото „Младост без лудост“ почнува кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот што ќе ја реализираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за млади и спорт, Градот Скопје, Црвениот крст и Авто мото сојузот на Македонија.

Кампњата ќе трае шест месеци и во нејзината реализација ќе бидат вклучени припадниците на МВР, професорите од средните училишта и манекенката Катерина Ивановска, глумецот Горазд Цветковски, фудбалерот Дарко Глишиќ, водителката Елена Стојановска и браќата Мартин и Стефан од „Некст тајм“.

mladost bez ludost4

– Младост е да се поднапиеш, но лудост е да водиш пијан, младост е да сакаш да зборуваш на телефон, но лудост е тоа да го правиш додека возиш, младост е да си жив и темпераментен, но лудост е да возиш брзо и агресивно во сообраќајот. Младоста оправдува многу грешки, но не во сообраќајот и сообраќајните незгоди затоа што тие никогаш не опростуваат, а последиците се трајни, изјави денеска Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

mladost bez ludost3

Дел од кампањата ќе биде и возилото во кое неодамна загинаа две млади лица како резултат на брзо возење. Во рамки на кампањата ќе бидат изработени и илјада едукативни табли коишто ќе бидат дистрибуирани во средните училишта и во високообразовните институции.

mladost bez ludost2

Како дел од кампањата ќе биде организирана и акција „Безбедни млади возачи“ во чии рамки ќе има наградно натпреварување во кое средношколците кои ќе покажат најдобри знаења по сообраќајните правила и прописи ќе добијат ваучер од 50 проценти попуст и целосно бесплатни ваучери за полагање на Б возачка дозвола.

mladost bez ludost 5

Статистичките податоци покажуваат дека минатата година во Македонија 165 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои 25 лица се на возраст до 24 години. Минатата година тешко повредени биле и 2.039 млади лица на возраст до 24 години. Во просек 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 25 години.

На светско ниво секоја година околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди од кои околу 400 илјади се млади лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top