Амбасадата на Словачка во Македонија денеска во ЕУ Инфоцентарот во Скопје организира изложба по повод 95 години од раѓањето на Александер Дубчек, насловена „Словакот кој даде надеж за слобода“.
Александар Дубчек (27 ноември 1921 – 9 ноември 1992) бил претседател на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на Прашката пролет во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа.
На отворањето на изложбата ќе присуствуваат словачкиот амбасадор Мартин Безак и народниот правобранител во Македонија Иџет Мемети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.