| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Се ближи денот кога народот без никакви уцени, слободно ќе одлучи каква Македонија ќе имаме (видео)

– Се ближи денот од кој кукавичи бегаат СДСМ. Доаѓа денот гордиот и достоинствен народ ќе одлучи да стави крај кризата и деструкцијата, на уништувањето и понижувањето – изјави вечерва Никола Тодоров, носител на ИЕ број 2 на големиот сенароден митинг на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Скопје.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-6-custom

Според Тодоров се наближува денот на кој народот ќе му покаже и на СДСМ и на нивните сценаристи дека во Македонија има народ, трпелив, но силен народ.

– Се ближи денот кога народот без никакви уцени, слободно и притисок самостојно ќе одлучи каква Македонија ќе имаме. Македонија заглавена во кризи или Македонија која оди напред, изборот е едноставен, не сакаме враќање назад – рече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top