Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека во живо ќе го гледа финалето во фудбалската Лига на шампиони, на „Вембли“, во Лондон, каде што за титулата ќе се борат двата германски клуба Баерн и Борусија. За кого ќе навива Меркел?
– Јас сум германска канцеларка и ќе навивам за Германија – кратко истакна Меркел на средбата со новинарите. Интересно беше прашањето на претставниците на седмата сила, дали Борусија е фаворит на канцеларката, со оглед на боите, жолто-црни, во тон со тие на владејачката партија во земјата. За Баерн е карактеристична црвената боја, симбол на опозицијата.
– Немам проблем со боите и тоа ќе остане така без разлика која екипа ќе победи. Едно е сигурно, титулата ќе биде германска – додаде Меркел. Финалето е на 25 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)