Најголемата македонска опозициона партија која отворено се залага и бара телевизиски дуели и соочувања за време на изборни кампањи, повторно одбива да седне на иста маса со претставници на владејачката партија. Носителот на изборната единица 1 на СДСМ, Стево Пендаровски не се појави на дебатата со Никола Попоски и одби да одговори на поканите кои неколкупати беа испратени страна од ТВ Нова.
Заложбите на СДСМ за телевизиски соочувања на кои во ТВ Нова секогаш сите партии имаат можност да ги искажуваат своите ставови и аргументи на разни теми, остануваат само празни зборови со оглед на тоа дека на сите покани упатени пред воопшто да започне предизборната кампања, одбија да одговорат и столчето во отвореното студио на ТВ Нова остануваше празно.
Во отвореното студио на ТВ Нова вечерва дебатираме со носителот на изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, објави телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.