| четврток, 6 декември 2018 |

Швајнштајгер го напушта „Олд Трафорд“ и се сели во Чикаго?!

svajnstajger

Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе си ги скрати маките што ги има на „Олд трафорд“ и ќе го напушти Манчестер јунајтед. Менаџерот Жозе Мурињо јасно му стави до знаење на Германецот дека нема да смета на него, во одреден период дури и не му дозволуваше да тренира со сениорскиот тим, па искусниот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во САД.

Швајнштајгер од почетокот на следната сезона во МЛС – лигата на САД ќе го отпочне американскиот сон и ќе го носи дресот на Чикаго фајер. Според информациите што ги сподели поранешниот германски репрезентативец Клаус Аугенталер, тој веќе се договорил со тренерот на Чикаго, Вељко Пауновиќ, и ќе направи трансфер преку Атлантикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top