Алжир прогласи осумдневна жалост по смртта на кубанскиот револуционер и поранешен претседател Фидел Кастро. Алжирските медиуми го опишаа како „голем пријател на Алжир“ и голема подршка на оваа земја во отпорот против Франција во периодот од 1954 до 1962 година.
Претседателот на Алжир Абдулазиз Бутефлик соопшти дека донел одлука за осумдневна жалост поповод смртта на Фидел Кастро, а одлуката стапува на сила од утре.
Кубанската владапрогласи деветдневна жалост по смртта на Кастро, што ќе заврши на 4 декември, кога ќе биде положена неговата урна во градот Сантјаго де Куба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.