| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со факти ги разобличи намерите на Заев за двојазичност и федерализација

zaev-muki-sdsm-aracinovoЗаев го зациментира тоа дека треба да се воведе двојазичност на цела територија на Македонија, после отиде на телевизија 21 и велеше дека кога ќе дојде на мандатот и Уставот ќе го смениме и за двојазичност и за повеќе од тоа, потсети Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4 на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Кичево.

-Заев го зациментира тоа дека треба да се воведе двојазичност на цела територија на Македонија,  после отиде на телевизија 21 и велеше дека кога ќе дојде на мандатот и Уставот ќе го смениме и за двојазичност и за повеќе од тоа, па малку беше тоа па пак тој истиот, не јас, замина во Швајцарија ја собра албанската дијаспората и вели малку е Рамковниот договор, ништо не е тоа, ќе излеземе надвор од него, многу повеќе ќе дадеме. На крај извадија програма која што е еден памфлет кој што го нарекуваат План за живот и во него сами си напишале работи што всушност се ништо друго туку федерализација или кантонизација. Значи пишуваат дека општините ќе добијат такви надлежности како на пример полицијата од централно ниво да ги пренесе ингеренциите на локално ниво, тоа се работи што ги има во кантони, ги нема во унитарни држави. Значи човекот јавно си збори работи за кои што потоа јас сум му крив. И го слушам баш тука во Кичево вели само во главата на Груевски има федерализација и кантонизација, а јас не бев во Швајцарија да зборам, јас ли бев на телевизија 21 да зборам, јас ли го пишував памфлетот „План за живот“, што го препишале од Србија. Значи зборува кажува, ветува, потоа Никола Груевски му е виновен, затоа што го потенцирам тоа на луѓето и им кажувам на луѓето каква опасност им доаѓа ако тоа се воведе, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top