| четврток, 6 декември 2018 |

Заев турка двојазичноста која треба да важи само за Македонците

Двојазичноста не може да важи само за Македонците. Уште попрецизно, се додека не се почне со учење и на македонскиот јазик уште во градинките во доминантно албанските општини, нема двојазичност во државата

Заев денес вели немал што да изгуби со двојазичноста. И во право е. Заев ќе загуби ако не ја спроведе агендата на СОРОС од надвор. Ќе го загуби тоа што го земал за спроведување на оваа агенда, ќе ги загуби пријателите од надвор што сеуште му ја држат главата над вода, ќе ја загуби црпнатоста, ќе ги загуби стекнатите милиони евра стекнати во 12-те години предавство. И корнишоните ќе ги загуби, а веројатно сега тие му се помили и од државата и од народот македонски.

281425

Со неговите изјави тој отворено денес ги „запали гаќите“ на сите албански партии и јавно, на балканска трпеза, го стави македонското прашање. И повторно Македонија е залакот за балканските апетити. Пред се на Албанскиот нескротлив апетит за територија.

Барањето на двојазичност не е случајна, нова, наивна, отворена, граѓанска. Тоа е продолжение на стратегијата за распаѓање на „проблемот Македонија“, продолжение на територијалната поделба, продолжение на барањето за високо образование на Албански, продолжение на вештачкото населување од Косово под превезот на бегалци, на 150.000 државјанства подарок од Црвенковски и советникот Пендаровски.

miting-aerodrom-zaev-pendarovski-4-large

Тоа е продолжение на Призренската лига, на некогашната изјава на Мендух Тачи дека „процесот на распаѓање на Југославија ќе заврши со поделбата на Македонија“, на УЧК, на охридската рамка, на „единствениот културен простор“ и „природното обединување“. Тоа е продолжение на барањата за регионална полиција, за консенсуален претседател, ротирачкиот премиер по мерка на Фрчкоски.

frckoski

Се почесто како аргумент се користи прашањето „А зошто не?“  или како вели Заев „Што губам јас?“ или како го праша водителот на една телевизија Стојанче Ангелов „Зошто би ви пречел албанскиот на патоказ кон Бугарија?“

kercovee-620x330

За да се одговори на овие прашања, прво да ги свртиме обратно – што тоа би пречело на било кој македонски Албанец сообраќајните знаци да се на Македонски? Особено кон Бугарија, кога веќе локално се двојазични? Колку еден сообраќаен знак ќе ги релаксира односите во земјата? Или ќе доведе до разбирање? Нели тоа е целта, релаксирање на односите, меѓуетничка трпеливост, преку комуникација, разбирање, соживот, еднаквост, целовитост…?

ja-buxhetet-e-universiteteve-n-euml-maqedoni_hd-780x439

Во таа насока, нека одговорат сите залагачи за заложникот Заев за воведување двојазичност: Колку по рамковниот се разбираме повеќе отколку во времето кога се бараше високо образование на албански јазик? Колку се релаксирани односите меѓу младите на улица по посебните гимназии и цели универзитети само на албански јазик? Колку сега се развија добрососедствата во Струга, Кичево, Тетово, па и Чаир, Бутел, и особено Арачиново, по охридската рамка и територијалната поделба, поточно заземање на Кичево, Струга, Чаир?

komuna_e_kercoves_ndryshimi_i_

Кои се придобивките во развојот на меѓунационалните односи, нивното релаксирање, во меѓусебната комуникација со намерното двоење на Албанците во својата средина, на своја „заземена територија“ со образовни институции само на албански јазик, со општински и други институции на албански јазик, со медиуми на албански јазик и со особено внимание никако да не допре македонскиот јазик во тие средини?

albanski

Колку сето тоа што се бараше како опција за „разбирање и комуникација“ се претвори во затворање во еднонационална средина и со огромна тенденција воопшто да се нема никаква комуникација со „другите“, особено не со Македонците? Едноставно, колку деца на воздраст до 15 години, граѓани на оваа држава, иднината на мултиетничка Македонија, не знаат да „гугнат“ македонски во „мултиетничките“ доминантно албанските општини?

protestamkmaj

Поразителни се одговорите за тоа колку сите овие зафати доведоа до „релаксирана“ меѓуетничка некомуникација и паралелизам. Тоа е видливо за сите, само не за Заев и СДСМ. За СОРОС и секако за албанските политичари не само што е видливо, туку и посакувано и очекувано.

12519168_612823722190306_90448271_n

Затоа се додека Заев, потоа неговите Албанци во партијата, а дури потоа и другите албанските политичари и партии не почнат да пропагираат учење на македонскиот јазик во албанските средини, не само како неопходност, туку и како гест на добра волја и меѓусебна почит за досегашните рамки и договори, ниеден аргумент во насока за проширување или надмнинување на „рамката“ не може да се разбере поинаку од чист национализам, и желба за подлабоко разделување и на граѓаните и на државата.

protestamkmaj4

Двојазичноста не може да важи само за Македонците. Уште попрецизно, се додека не се почне со учење и на македонскиот јазик уште во градинките во доминантно албанските општини, нема двојазичност во државата.

zaev-muki-sdsm-aracinovo

Сепак за овие прашања не се очекува одговор од Заев. Нему сето ова не му е јасно.  Ама кај него не се работи за идеологија, туку за платено одработување. Изгубен во омразата, Заев ја тера идеологијата наметната од надвор, од СОРОС, со парите на сите што не и мислат добро на Македонија и упорно ја турка кон федерализација.

screenshot-10-1-520x270

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top