| четврток, 6 декември 2018 |

Тртик: Против Металург секогаш е тешко

trtik

Во дуел од 8. коло во рамките на Ц групата од Лигата на шампионите силите ќе ги одмерат последно пласираните тимови, нашиот Металург и словачкиот шампион Татран Прешов. Двата клуба во мечот в недела влегуваат со ефект од по три победи и четири порази, а ќе се обидат со триумф да фатат приклучок на врвот на табелата. Стратегот на Татран Прешов, Растислав Тртик е претпатзлив пред мечот со Металург.

– Дуелот против Металург ќе биде доста тешка борба. Како и ните, така и тие имаат минимални шанси за поминување на групата и пласман во следната фаза. Металург одигра одличен натпревар во СЕХА лигата против Вардар и загуби само со два гола разлика. Во Скопје ние ќе се бориме се до последната минута со надеж на крај за успешен исход. Ние сакаме да бидеме силни и агресивни во одбраната и ефикасни во нападот. Тактички да го надмудриме ривалот и да се обидеме да победиме – изјави Тртик.

Сезонава Металург и Татран Прешов на два наврати ги одмерија силите, на почетокот на сезоната во рамки на СЕХА нашиот тим славеше дома со 27-21, додека во првиот меч од ЛШ во Словачка како победник излезе домашниот тим со резултат од 27-22.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top