| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од најскапите трансфери во ракеметот е во македонската Суперлигата

 

Трансферите во ракометот не можат да се мерат со оние во фудбалот. Иако се уште ракометарите вредат многу помалку од фудбалерите, нивната цена во последно време забрзано расте. Најголем доказ за тоа е листата од десетте најголеми трансфери на сите времиња која ја состави реномираниот интернет поталот “хендбалтрансфер”.

Прво место

Најскапиот трансфер во историјата на ракометот е на Французинот Никола Карабатиќ, кој минатата година за сума од 2.000.000 евра премина од Барселона во францускиот шампион Пари Сен Жермен. „Светците“ се најбогатиот ракометен клуб во светот и на арапските сосптвеници не и им беше проблем да дадат милиони за во своите редови да го донесат најдобриот играч на планетава.

nikola-karabatic

Второ и трето место

Повтороно Никола Карабатиќ, но овој пат местото го дели со својот репрезентативен колега Даниле Нарсис. Во 2009 година трикратниот европски шампион Кил, во пакет за Никола Карабатиќ и Вид Кавтичник му плати на Монпелје 1.500.000 евра, а само трансферот на Французинот врдеше 1.200.000 еврa. Нивната инвестиција се испалтеше, бидејќи „зебрите„ со Карабатиќ ја осовија Лигата на шампионите и четири пати беа прваци на Германија. Што се однесува до Нарсис, тој за 1.200.000 евра во 2009 година премина од Шамбери во Кил, а во 2012 година го понесе признанието најдобар играч во светот.

Четврто и петто место

domagoj_duvnjak

Хрватскиот бек Домагој Дувњак и голманот на македонскиот шампион Вардар, Арпад Штербик ги сменија срединате за 1.000.000 евра.   Во 2009 година кога Хамбург беше богат клуб, го купи Дувњак од Загреб за 1.000.000 евра. Хрватот во овој клуб остана до 2014 година, кога клубот се соочи со финансиски проблеми и се распадна. Дувњак со Хамбург ја освои ЛШ во 2013 година, како и шампионатот на Германија во 2011 година. Арпад Штербик се пресели од Атлетико Мадрид во Барселона за сума од 1.000.000 евра. Со овој клуб Штербик дава пати го освои шпанското првенство.

Шести најголем трансфер

Во 2014 година Монпелје го продаде францускиот репрезентативец и најдобар голман на денешницата Французинот Тиери Омејер на ПСЖ за сума од 900.000 евра. Со „светците“ Омејер два пати го освои француското првенство и играше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Седмо и осмо место

arpad-sterbik

И на оваа позиција е Арпад Штербик, овој пат со трансферот во македонскиот шампион Вардар. За неговите услуги Барселона доби 800.000 евра. За истата сума шпанскиот плејмејкер Чема Родригез премина од Валјадолид во Сиудат Реал во 2007 година. Тој остана во клубот до 2012 година, последната сезона како Ателтико Мадрид и три пати го освои шпанското првенство и еднаш Лигата на шампионите.

Деветто место

Белорусинот Сергеј Рутенка, кој за сума од 700.000 евра се пресели од Сиудат Реал во Барселона каде играше од 2009 до 2015 година и пет пати го осови шпанското првенство и два пати лигата на шампионите.

Десето место

648x415_thierry-omeyer

Ова место е резервирано за Тиери Омејер и за Србинот Момир Илиќ. Во 2006 година Кил го купи францускиот голман за 500.000 евра, а за истата сума “зебрите” во 2009 година од Гумерсбах го купија и српскиот интернационалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top