| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ја разреши дилемата:Теодора е убиена по грешка

teodora

Фитнес инструкторката Теодора Качански, фитнес инструкторката од Нови Сад која во саботата беше изрешетана во Нови Сад, убиена е по грешка, неофицијално дознава Ало.

Напаѓачот мислел дека во автомобилот се наоѓал нејзото момче, Ненад Стевиќ и користел „тетеец“ кој пробива панцир, знаејќи дека Стевиќ веќе неколку месеци носи таква заштита. Можноста дека ова било предупредување е исклучена, бидејќи убиецот пукал во Теодора, пет пати, а погодена била со три.

-Веќе неколку месеци Стевиќ носи панцир, а тоа добро го знаеше и неговиот напаѓач. Меѓутоа поради мрак и лоша видливост, не забележал дека неговата мета не се наоаѓа во возилото. Кога поминал, веројатно целел веднаш во градите, па несреќната девојка била погодена во вратот, што било кобно за неа – рекол извор од истрагата.

teodora2

Инаку денеска беше погребана Теодора. Неколку стотици се собраа пред капелата во Сремски Карловци за да се збогуваат со трагично загинатата девојка.

После погребот кога сите си заминале на гробот дошле две момчиња и две постари жени и само во тишина поминале 15 минути. Делот од брегот каде се наоѓаат гробиштата неколку часа биле блокирани за сообраќај.

На барање на семејството на новинарите и фоторепортерите им било забрането фотографирање и снимање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top