| четврток, 6 декември 2018 |

Теодора немала шанси да преживее, еден куршум ѝ го разнел вратот – стравични детали за убиството од заседа

teodora

Теодора Качански (30), инструкторката по фитнес од Нови Сад која во вторникот почина од последиците на ранувањето, била погодена не со пет, туку со три куршума, од кои едниот ѝ поминал низ вратот, вториот ја погодил во стомакот, а третиот во левиот бут.

Несреќната девојка немала шанси да преживее и цело време била на апарати за преживување. Убиството на девојката на жестокото момче од Нови Сад е дело на професионалци кои пукале во главата и горниот дел на телото на жртвата.

Нејзиниот татко Жарко, сестрата Симонида и братот Никола се занемени од болка. Не се помируваат со суровата вистина дека Боба, како што ја викале, засекогаш ја изгубиле.

Кој и да ја познавал Теодора верувал дека нејзиниот млад организам ќе издржи.

-Секогаш беше насмеана, весела, секогаш подготвена да помогне. Зошто баш неа? Неодамна почина мајка ѝ и таа сега оди кај неа. Никој од нас не верува дека ја нема. Таа беше инструкторка по фитнес и не беше поради пари со Ненад. Се бореше и заработуваше сама – вели нејзина другарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top