| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе заврши приказната за никаквецот и за принцезата – Теодора сè уште е во критична состојба

teodora

Теодора, девојката што беше изрешетана во Нови Сад, сè уште е во критична состојба, а лекарите не сакаат да даваат прогноза за нејзиното здравје бидејќи таа се здобила со тешки повреди на вратот и на стомакот, а е погодена и во раката и во ногата. Таа е под постојан лекарски надзор во единицата за интензивна нега на новосадскиот Ургентен центар каде што трае борбата за нејзиниот живот.

Истрагата утврдила дека во Теодора е пукано кога се довезла со момчето до зградата во Сомброска број 8 во која живеат.

teodora2

Момчето, Ненад Стевиќ излегол од автомобилот и влегол во зградата, а девојката останала да го препаркира возлиото, кога напаѓачот сето тоа го видел, излегол од грмушките и ја погодил со неколку истрели.

-Тоа е класична заседа. Нема грешка. Теодора била сама и тоа значи дека токму таа била целта. Се чини дека Ненад нешто жестоко погрешил бидејќи никогаш не напажаш нечие семејство само така. Не се тие виновни, виновни сме ние што сме избрале таков пат, а сега ќе видиме што ќе биде понатаму – рекол за „Блиц“ едно од жестоките момчиња од опкружувањето на момчето на Теодора.

Инаку Теодора потекнувала од просечно српско семејство. Била посветена на здравиот живот и на фитнесот, додека Ненад бил поврзан со мафијата. Љубовта ја чинело Теодора многу, односно нејзиниот живот, а целата приказна личи на таа за принцезата и за никаквецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top