
Новосаѓанката Теодора Качански (30) која беше изрешетана во саботата, вчера почина, но пред нејзината смрт во болницата се случувала вистинска драма.
Имено, според српски Телграф, одлуката да ја исклучат од апаратите кои ја одржувале во живот, после неколкучасовни препирки ја донело нејзиното момче Ненад и нејзиниот татко.
Нејзиниот татко претходно истиот ден се согласил Теодора да се ислклучи од апаратите, на што се спротивставило нејзиното момче Ненад. Следела расправија меѓу нив двајцата пред болницата, бидејќи Ненад не сакал да ја пушти.
Кога лекарите му објасниле дека поради тешките повреди Теодора и ако преживее, ќе биде во вегетативна состојба, Ненад се согласил со тешката одлука и несреќната девојка починала.
Повредите биле страшни, еден куршум и ги пробил гласните жици, а проценка на лекарите била дека ако преживее ќе остане неподвижна.
Како што тврдат нивните познаници, Теодора и Ненад многу се сакале, биле заедно по веќе од три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицијата ја разреши дилемата:Теодора е убиена по грешка
-
Теодора немала шанси да преживее, еден куршум ѝ го разнел вратот – стравични детали за убиството од заседа
-
Почина девојката што беше изрешетана – Теодора им подлегна на повредите
-
Како ќе заврши приказната за никаквецот и за принцезата – Теодора сè уште е во критична состојба


